еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Спасовски: Нема штетен отпад увезен во државата

Нема штетен отпад што се увезува во државата. Ова што се случува во Бугарија одблизу го следиме. Излегуваат многу информации. Апелирам да ги проверуваме, посебно кога се работи за сензитивна материја како оваа, за живтоната средина, изјави денеска техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на новата операциска сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Спасовски напомена дека и Јавното обвинителство покрена постапка за испитување на наводите во јавноста за наводно увезување штетен отпад во земјава.

„Од Министерството за животна средина и просторно планирање имаме информација дека увезувањето на отпадот е оној што е дозволен и за кој се поседуваат одредени сертификати, дека нема штетен отпад што се увезува во државата.

Добро е што Град Скопје презема чекори за средување на состојбите. Институциите тоа мора да го следат. Мора да ги јакнеме капацитетите во смисла на лаборатории како можност за испитување на сé она што влегува во државата и сите заеднички да направиме сé за да ја подобриме животната средина“, истакна премиерот.

МИА/Фото:МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Македонија извезува виско образовна сила, а увезува отпад“: Твитер реакции

Се заборави дека обвинителството не најде проблем во „Дрисла“ и дека имаме 1.000 диви депонии

Макрадули: Министерството никогаш не издало лиценца на „Дрисла“ за увоз на отпад

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за еколошките налепници за возилата: Трошокот ќе биде на товар на граѓаните

Редакција

Во ноември само два дена со чист воздух во Тетово

Редакција

(Видео) Огромен број граѓани излегоа на Маршот за чист воздух

Редакција