еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: Пендаровски не го следат странски служби

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната седница во Собранието на која на дневен ред е интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, побара од министерот да ја разреши дилемата дали навистина Стево Пендаровски е следен од тајни служби или пак тоа, како што рече, било само за да се сврти вниманието кон нивниот кандидат за претседател.

-Иако сé уште не се кандидати, тие се безбедни. Тогаш кога ќе бидат поднесени кандидатурите секој од нив ќе добие службено обезбедување доколку тоа го посака. Прво да ги дознаеме официјално претседателските кандидати, а потоа доколку биде потребно ќе им биде обезбедено соодветно обезбедување, рече Спасовски.

Тој додаде дека има пријави до МВР во врска со Пендаровски.

– Едната фотографија од Пендаровски е снимена на паркингот спроти хотелот „Холидеји ин“, а другата во кафе барот „Плеј“ на ул. „Македонија“, а беа објавени на социјалните мрежи, рече Спасовски.

Тој отфрли било какво присуство на странска служба зошто, како што рече, таква работа нема.

– Не сакам да се замајуваме со жолти комбиња и странски служби. Тоа време заврши, додаде министерот.

Милошоски, реплицирајќи му на Спасовски, рече дека е задоволен од неговиот одговор затоа што во Собранието го расчистиле фактот дека Пендаровски не е следен од странски служби.

МИА/Фото: Фејсбук/Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пендаровски збори, позади бина жолто комбе!!! МВР алооо„: Твитер „прегреа„

Стево е безбеден, го сликале заради колата, вели Заев, Пендаровски убеден дека го следат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Крвави ти се рацете Заев, денес се Миле и Спиро, утре може да биде било кој

Редакција

(Фото) Царината заплени непријавени 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца

Редакција

Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП кај Пендаровски за „францускиот предлог“

Редакција