еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Србија и Македонија ќе го олеснуваат преминот на границите, особено на Табановце-Прешево

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на официјалната посета на Република Србија, како дел од владината делегација, денеска заедно со својот хомолог, министерот за внатрешни работи на Република Србија, Братислав Гашиќ, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу двете држави за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница.

Меморандумот, како што информираат од владината прес-служба, ќе го олесни движењето на лица и стоки преку државната граница, особено преку граничниот премин Табановце-Прешево, и ќе придонесе за намалување на гужвата на граничниот премин за време на туристичката сезона, што е во интерес на граѓаните на двете земји како и на сите кои го користат граничниот премин помеѓу Македонија и Србија.

Спасовски и Гашиќ за време на билатералната средба го истакнаа значењето на пријателските односи на нашите две земји, кои интензивно ја следат и соработката на македонската и српската полиција, а потпишувањето на Меморандумот претставува ново поглавје во регионалната соработка и поврзувањето на нашите пријателски народи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе се приклучи кон интерконекторот за гас Македонија-Грција

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев им честита на граѓаните и пратениците за преземената одговорност

Редакција

Вкупно 955 лица до 19 години во Македонија се заразиле со корона вирусот

Редакција

Граѓаните досега донирале 31,3 милиони денари за настраданите во Турција и Сирија, еве како да помгнете

Редакција