еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Србија ќе се приклучи кон интерконекторот за гас Македонија-Грција

Денешните средби во Белград се силна потврда за соработката која е на највисоко ниво меѓу Македонија и Србија од кога станавме независни држави. Билатералните односи се без отворени прашања, а соработката сестрана, истакна денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски, кој е во официјална посета на Белград.

Ковачевски испрати порака дека имаме силна политичка волја да продолжиме во негување и продлабочување на добрососедските односи и соработката во сите области.

-Трасиравме пат за нови иницијативи и за заедничка соработка во иднина, рече Ковачевски, притоа посочувајќи ја важноста и значајноста на иницијативата „Отворен Балкан“ и бенефитите што граѓаните и стопанството ги имаат од оваа иницијатива.

Во Белград денеска се потпишани и меморандуми за соработка во областа на рударството и енергетиката, како и за подобар проток на лица и стоки и електронски систем за патарина.

Меморандумот за соработка во делот на енергетиката се однесува на гасниот интерконектор што ќе се гради меѓу Македонија и Грција и кон кој, според денешните најави, ќе се приклучи и Србија.

Иницијативата „Отворен Балкан“, според српската премиерка Ана Брнабиќ, има придонес во подобрувањето на економските и политичкте односи меѓу државите, а економските подобрувања се директна последица на оваа иницијатива.

Во текот на следниот месец треба да се усогласи и терминот за третата заедничка седница на двете влади што ќе се одржи во Србија.

Брнабиќ истакна дека Србија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија. Најави дека 5 април ќе биде потпишан надополнет меморандум за соработка во евроинтеграциите меѓу Македонија и Србија.

Официјалната посета на Белград, Ковачевски ја почна со средба со српскиот претседател Александар Вучиќ на која е оценето дека билатералните односи меѓу двете земји се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво, економска соработка и трговска размена.

Ковачевски и Вучиќ разговараа и за регионалните иницијативи кои се можност за перспективи и уште поголемо унапредување на меѓусебната соработка.

Македонија, Србија и Албанија, кои се дел од иницијативата „Отворен Балкан“, во недела ќе се претстават на заеднички штанд на најголемиот Саем за вино во Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија и Србија ќе потпишат меморандуми за полесно поминување на границите, соработка во областа на енергетиката и рударството

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени списоците: Кои граѓани добија финансиска помош за справување со енергетската криза

Редакција

Партијата на Борисов бара нов Консултативен совет за бугарската позиција кон Македонија

Редакција

Колкави се платите на менаџментот на БИМ од Свети Николе

Редакција