Србија нема да воведе реципрочни мерки по одлуката на Црна Гора да не ја отвори границата за српските граѓани, објавија срспките медиуми.
Тие ја пренесуваат изјавата на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која оцени дека српските граѓани не треба да одат таму каде што се непожелни.
„Ние нема да ги спречиме обичните црногорски граѓани да ја посетуваат Србија, но сакаме уште посилно да ги спречиме на влез криминалците и мафијашките кланови од Црна Гора, кои со децении убиваа во Србија и ги тероризираа нашите граѓани“, рече Брнабиќ.
Според неа, вистинската причина за одлуката на Црна Гора да отвори граници за голем број земји, а не за Србија, не лежи во епидемијата на коронавирус и бројот на заразени лица.
Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ вчера соопшти дека државата ќе ги отвори своите граници во првите денови од јуни за оние земји што ќе ги исполнат епидемиолошките критериуми на Институтот за јавно здравје, односно во кои бројот на заразени со вирус е 25 на 100.000 жители.
„Првите земји се Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Унгарија, Албанија, Грција“, рече Марковиќ.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Албанија од 1 јуни ги отвара границите само за Албанци и хотелските плажи
Сите детали: Без тест и карантин од 15 јуни Грција ги отвара вратите за туристите од Балканот