еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе се надоместуваат изгубените часови во училиштата каде имаше дојави за бомби, велат од МОН

Наставата во средните училишта во Скопје каде во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно – образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштени часови, велат од Министерството за образование и наука (МОН).

Според МОН, местото на учениците е во училишните клупи и секој прекин на наставата го попречува нивниот правилен развој. Затоа, додаваат од Министерството, во координација со МВР, локалните самоуправи, раководствата на училиштата и низа партнерски домашни и меѓународни организации континуирано се работи на нивна заштита преку подигнување на безбедноста во училишните објекти.

– Осудуваме секаков обид за наштетување на воспитно-образовниот процес на учениците. Создавањето страв и паника кај младите и одвлекување на вниманието од секојдневни училишни обврски, подразбира и наштетување на иднината на државата.

Се надеваме дека оние кои во повеќе наврати ја попречуваа работата на неколку училишта во Скопје час поскоро ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани, се вели во денешното соопштение од МОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За министерот Лога одлуката на Уставен за привремено да не важи графата за етничка припадност во изводите е беспредметна

Редакција

Полицаецот почнал да ја дави, по што неговата партнерка го прободила со нож: Детали од Обвинителството за убиството во Велес

Редакција

Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?

Редакција