еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Српската православна црква се заканува со раскол со Вселенската патријаршија ако МПЦ биде признаена

Српската православна црква (СПЦ), преку викарот на патријархот Порфириј, епископот моравички Антониј, се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

Константинополскиот патријарх Вартоломеј во Украина направи преседан, кој, во случај да биде повторен на Балканскиот полуостров, може да доведе до прекин на евхаристиското општење на СПЦ со Фанар, кажал епископот Антониј на меѓународната богословска конференција во Киево-печерската лавра „Соборноста на црквата: богословски, канонски и историски измеренија“, соопшти на својата Фејсбук страница Центарот за информации на Московската патријаршија во Украина.

– Доколку бидат донесени какви било решенија по прашањето на Македонија и Црна Гора, може во најбрзо време да се очекува таква несреќна појава, која може да го наруши евхаристиското општење меѓу Константинопол и Српската црква, рекол епископот Антониј.

Игнорирајќи го фактот дека и СПЦ и РПЦ имаат добиено автокефалија од истата Вселенска патријаршија, српскиот епископ го фокусирал своето излагање околу темата дека „Вартоломеј не е папа и нема власт над Црквата и нема полномоштво да доделува автокефалија на ниту една од структурите на помесните цркви“.

СПЦ е во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА, оспорувајќи ја нејзината афтокефалност. Разговорите што повремено се водат не доведоа до позитивен исход, поради што МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КХВ: Успешна понудата на Градежниот институт „Македонија“ за преземање на „Фабрика Карпош“

Редакција

Нови 115 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

Повлечената аболиција на Иванов е уставна, одлучи Уставниот суд

Редакција