еМагазин
Image default
Македонија

Српското Министерство за правда нема информации за приведувањето на Палевски

Српското Министерство за правда нема информации за приведувањето на бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо за кого македонските медиуми објавија дека вчера бил приведен од полицијата во Белград во моментот кога сакал да се качи на авион за Москва.

– Министерството за правда на Република Србија нема сознанија за приведување на вакво лице, се наведува во кусото соопштение.

Од српското Министерство за правда упатуваат на Министерството за внатрешни работи, но оттаму засега нема информации.

Медиумите објавија дека Палевски е приведен од српската полиција по потерница распишана од Република Хрватска и оти во моментов е во екстрадиционен притвор.

Неговиот адвокат Васко Стојков, за „360 степени“ изјавил дека во моментот на приведувањето, Палевски се подготвувал да отпатува за Москва, каде според него, требало да склучи бизнис зделка.

Палевски своевремено живеел и работел во Хрватска и оти хрватските власти го бараат за долг на негова фирма од 2,5 илјади евра. Според адвокатот, Палевски никогаш не примил покана на адресата во Македонија за да се појави пред хрватските правосудни органи.

МИА/Фото: Фејсбук/Палевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Глас за Македонија“: Ако се докаже дека кај Палевски постои кривична одговорност, нема да застанеме во негова одбрана

Бизнисменот Љупчо Палевски приведен во Белград на пат за Москва

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Безбедносните камери од околните згради, го прикажуваат ужасниот пожар на ковид-центарот во Тетово

Редакција

Македонија стана членка на Советот на човекови права на Обединетите нации

Редакција

(Фото) Медицинарите од Дебар: „Ние сме на работа, вие седете дома“

Редакција