еМагазин
Image default
Бизнис

ССК со 78 економски мерки, Владата вети рокови за реализација

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на традиционалниот „Деловен појадок со претседателот на Владата“ достави пакет од 78 мерки  во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, во присуство на деловната заедница, дипломатскиот кор, ресорни министри, претседатели на комори, во своите официјални обраќања ja истакнаа важноста од активно вклучување на Сојузот, во креирање политики за создавање на подобри услови за деловната заедница со континуирано јакнење на јавно приватниот дијалог, а со тоа и на делување за раст и развој на националната економија.

Пораката која деловната заедница ја упатува со економските мерки на годинешниот Деловен појадок, сублимирано е да се спроведе сериозна борба со сивата економија, да се елиминираат големиот број парафискални давачки кои го оптоваруваат стопанството, да се создадат стабилни услови за водење бизнис за да се охрабрат претпримачите и граѓаните да инвестираат и да работат  во приватен сектор, кој треба да биде двигател на економскиот раст во земјата, рече Арсовска во своето обраќање.

„Сојузот подготви пакет од 78 економски мерки кои се однесуваат на измена на законската регулатива, административните бариери и парафискалните давачки кои се голем предизвик во секојдневието на приватниот сектор, неопходност од дигитализација, поддршка на компаниите во надворешната и внатрешна трговија, индустријата и градежништвото.

Секоја од предложените мерки е утврдена согласно истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во областа, изјави Арсовска и доби ветување од Заев и Анѓушев дека на истите сериозно ќе се пристапи и сооодветно реагира со точно утврдени рокови за реализација.

Во своето обраќање, Заев, упати апел до компаниите оваа година да ги искористат сите можности кои се понудени преку Планот за економски раст и Законот за државна помош за што годинава од Буџетот се издвоени 70 милиони евра за поддршка и за развој на приватниот сектор и за домашните и странските компании.

Тој додаде дека и оваа година со измените на Законот ги олесниле критериумите со тоа што и трговските компании, кои реализираат производство стануваат корисници, исто така и компаниите од ИТ индустријата, како и компаниите од преработувачката индустрија од земјоделството, мерки кои биле предлози и од Сојузот.

Анѓушев ги информираше присутните за досегашните резултати од реформите, странските инвестиции кои веќе започнаа со инвестициониот процес, новата инвестиција од Чешка, планираниот тендер за изградба на фотоволтаици, како и новите мерки за стучно усовршување на кадарот.

На Деловниот појадок претседателството на Сојузот ги елаборираше економските мерки кои треба да се превземат за подобрување на деловниот амбиентот.

Сојузот на стопански комори е познат по своите значајни достигнувања во креирањето економски мерки базирани на анализи на предизвиците и конкретни предлози за нивно надминување, мерки кои во изминатите години имаa и до 80% реализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Кој се му правеше друштво на Заев на деловниот појадок организиран од ССК

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поскапува за два денари, цената на бензините останува иста

Редакција

Кој има повеќе претплатници во мобилната телефонија, Македонски телеком или А1 Македонија

Редакција

Управата за хидрометеоролошки работи вработува 20 лица, плата до 24.401 денар

Редакција