еМагазин
Image default
Македонија

ССНМ: Државните институции да обезбедат безбедни услови за новинарите и медиумските работници

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) апелира до институциите да овозможат услови за безбедно информирање во време на коронавирус пандемијата.

До ССНМ денеска реагираа повеќе членови за начинот на кој била организирана прес-конференцијата на министерот за образование и наука, Арбер Адеми што се одржа во зградата во која е сместено Министерството.

-Прес-конференцијата се одржа во просторија за состаноци на осмиот кат, во затворен простор каде присуствуваа повеќе од 20-тина новинари, сниматели и фоторепортери. Според поплаките, ниту една здравствена мерка од организаторот не била испочитувана, од овозможување дистанца помеѓу присутните, отворени прозорци до средства за дезинфекција.

ССНМ бара од носителите на власта да покажат чувство на одговорност и да не ги доведуваат во опасност медиумските работници, стои во соопштението на Синдикатот.

ССНМ апелира и до колегите, без оглед на претпоставениот јавен интерес во иднина да ги напуштат прес-конференциите и сличните настани ако проценат дека не се испочитувани здравствените протоколи и доколку по укажувањето организаторот не ги обезбеди потребните услови за заштита на здравјето.

-Истовремено ги повикуваме медиумските работници максимално да ги почитуваат правилата и протоколите за заштита од коронавирусот додека ги извршуваат своите работни задачи, наведува ССНМ.

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 412 случаи на Ковид-19 од 3.379 тестирања

Редакција

Филипче: Дури 75% од сите случаи на Ковид-19 се асиптоматски, со носењето маска се штитиме себе и другите

Редакција

Предлог декларацијата за Илинденското востане денеска на седница во Собранието

Редакција