Стабилна е состојбата во Прилеп по вчерашното невреме проследено со пороен дожд и грмотевици.
Најинтензивно беше околу 14 и 15 часот кога поради поројните врнежи атмосферската канализација не можеше одеднаш да ја прими водата, па улиците наликуваа на реки.
Како што информираат од Противпожарната единица, граѓани од населбите Варош и Тризла пријавиле поплавувања, па интервенираа во неколку наврати за да се испумпа водата во подрумите и приземни простории.
Пријавени беа и две поплавени возила на излезот од Прилеп, а имаше неколку искрења на жици. Екипите на прилепски Водовод ги исчистија улиците од наноси веднаш по поројните дождови и ситуацијата е стабилна.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.