еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед

Кредитната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед.

Како што соопштија од Министерството за финансии, од агенцијата посочуваат дека македонската економија продолжила да расте во текот на 2019 година, како и дека реализацијата на економскиот раст ги надминала нивните првични очекувања од три отсто.

-Она што е позитивно е дека економскиот раст е широко базиран, вклучувајќи го и растот на земјоделството, индустријата, градежништвото, во интервал од три отсто до пет отсто.

Потрошувачката и извозот исто така бележат раст, додека инвестициите започнале да растат по период од послаба реализација, наведуваат од Агенцијата.

Агенцијата очекува растот да остане широко базиран и на производствената и на расходната страна и посочуваат дека е важен моментот дека не се очекува забавување во економиите кај главните трговски партнери на земјава. Македонскиот извоз, наведуваат, ќе остане фокусиран на Европа, главно на Германија.

Според Стандард и Пурс, најверојатно ситуацијата со корона вирусот нема директно да влијае на македонската економија, но може да се почуствува посредно преку трговските партнери на земјава, поради проблемите кои ќе се јават во глобалните синџири за набавка.

Агенцијата ги оценува како позитивни напорите на Владата да привлече странски директни инвестиции во зоните, кои континуирано сезголемуваат годиниве. Ова, како што посочуваат, особено е видливо на извозната страна, која од 2015 година наваму расте со стапки од и над десет отсто.

Во извештајот се посочува и дека агенцијата очекува земјава во следните неколку месеци да ги почне преговорите за членство во Европската унија, стои во соопштението од Министерството за финансии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските и картичните кредити

Редакција

Мицкоски на средба со Орбан, разговарале за ЕУ-интеграциите, енергетската и мигрантската криза

Редакција

„Сеа и Нефи преку оглас може ќе го бараат“: Твитер реакции за притворот за советникот на ДУИ, Усеини

Редакција