еМагазин
Image default
Забава

Станете вирална сензација со својот талент со новиот онлајн светски музички натпревар Bling2Sing

Сите оние кои веруваат во себе и во својата способност на пеење, кои сакаат да станат ѕвезди и да застанат на бина пред илјадници фанови, сонот може да стане реалност! Станува збор за ново онлајн музичко натпреварување во светот Bling2Sing, кое за прв пат започнува на Балканот.

Музичките таленти кои немале можност да ја покажат својата дарба, сега имаат шанса да се претстават пред публиката, да станат интернет сензација и вирални ѕвезди, да бидат забележани и прифатени од големите музички продукции и продуценти.

За прв пат можат да се претстават на вистинскиот начин, без трема, без судење од страна на жири, без ограничување на музички жанр.Едноставно, да го покажат својот талент во вистинско светло.

Проектот е целосно самофинансиран и изведен од тим на македонски дизјнери, програмери под капата на „Дигитал презент“, а за да дојде од идеја до реализација на Sing2Bling платформата, потребно било повеќе од една година, од драфт плановите,до правната заштита на светско ниво до тестирање на квалитет се до лансирањето.

Целта на Sing2Bling e да се поттикнат младите таленти во Македонија самоуверено да се покажат пред народор, да го покаажат својот талент за да можат најдобрите да започнат со своја музичка кариера и соработка со некоја од одличните продукциски куќи.

„После една дооолга година труд,напор,нервози,идеи,и радост,денес и официјално го лансирам мој прв проект www.sing2bling.mk. Sing2Bling е првото онлајн музичко натпреварување во светот кое е потполно бесплатно и почнува од Балканот! Целта на Sing2Bling е да им помогне на музичките таленти кои до сега немале шанса да бидат видени и слушнати, да станат вирални музички ѕвезди и да ја лансираат својата музичка кариера.

Разликата помеѓу Sing2Bling и традиционалните музички шоуа е во тоа што веќе не постојат ограничувања за да го покажете Вашиот музички талент како што е тремата, одлуките од жири, еднократната шанса за Ваше претставување, ограничување во жанр и недостигот на музички натпреварувања во регионот.

Прикачете го вашето музичко видео, споделете го на социјалните мрежи и натпреварувајте се за парична награда со која ке можете да ја лансирате вашата кариера,или да станете вирална музичка звезда! “ – изјави Иван Јанков кој што во соработка со Марко Јанковиќ го основаа ова ново музичко натпреварување.

Моментално со полн ек и заинтересираност е започнат овој натпревар во Македонија и Србија.

Идејата е потполно прифатена од страна на публиката и досега има многу позитивни критики. Се тестираат и мобилните апликации кои ќе ни овозможат натпреварот да го следиме во било кое време, на било кое место.

За да учествувaте треба само да снимите видео и да го постирате на платформата www.sing2bling.mk и да го сподделите на социјалните медиуми.

Секој кој учествува е потенцијален добитник на дневна , неделна и месечна парична награда, а за да бидеш добитник на наградата треба твоето видео да стане вирално, да имаш најголем број споделувања, гласови и прегледи на дневно, неделно и месечно ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Почина Карл Лагерфилд – мајсторот на убавината

Никола Осило

Денеска започнува „Skopje Wine Expo”: Ксмет оркестар, Петреска, Пупиноски, Брас Брадрс и Тропико ќе настапат вечерва

Редакција

(Видео) По пет години „Ареа“ со нова песна: Ружица авторка на текстот „Зрак“

Редакција