Во првото тримесечје од 2022 година, активното население во земјава изнесувало 811.197 лица, од кои вработени биле 691.498, а 119.699 лица се воделе како невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Стапката на активност во овој период е 55,3 отсто, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 14,8 проценти и бележи намалување во однос на стапката во последното четврто тромесечие од 2021 година кога изнесувала 15,2 отсто.
Од државниот завод за статистика информираат дека при обработката на податоците за првото тримесечје од 2022 година се користени регионалните демографски дистрибуции по пол и по петгодишни старосни групи за калибрирање на населението согласно податоците од Пописот 2021.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.