еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стејт департмент: Одлуката на Скопје, Софија и Подгорица за забрана за прелет на авионот на Лавров е почитување на обврските кон НАТО

Одлуката на С.Македонија, Бугарија и Црна Гора за забрана за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е почитување на обврските кон НАТО, оцени портпаролот на Стејт департментот на САД, Нед Прајс.

– Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта годишнина од членството на Црна Гора во НАТО и втората годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, рече Прајс на брифинг на Стејт департментот, одговорајќи на прашање на Гласот на Америка.

Прајс посочи дека се работи за суверени одлуки на три суверени држави за затворањето на прелет на нивниот воздушен простор.

Одлуката, според него, е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина.

– Ја повикуваме и Србија да се држи до европски пат, да ја намали зависноста од руски енергетски ресурси и да ја усклади надворешната политика согласно принципите и правилата на ЕУ, рече портпаролот на Стејт департментот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Под прашање беше одржувањето на Отворен Балкан во Охрид ако Лавров дојдеше во Србија, вели Османи

Вучиќ незадоволен од околностите што го спречија доаѓањето на Лавров во Белград

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фијаско на владиниот План за чист воздух: Метереолозите предвидуваат заладување, подгответе се за загадување

Редакција

Аеродром и Гази Баба на врвот според активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

Голема хуманитарна акција на АПИС: Ќе донираат медицинска опрема во вкупна вредност од 200.000 евра

Редакција