Топ вест во грчките медиуми е дека новиот лидер на најголемата опозициска партија, СИРИЗА, Стефанос Каселакис, денеска во Њујорк ќе се омажи за својот партнер Тејлор Макбет, со кој се во заедница, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
Најавата ја дал пред членовите на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Грчките медиуми „полудеа„ по Стефанос Каселакис, новиот лидер на СИРИЗА
Каселакис со недели е во фокусот на грчките медиуми, кои него и Тејлор ги следат каде и да отидат, а пред неколку дена замина во САД, каде што живееше пред да влезе во политика и каде има бизнис.
Тој деновиве дополнително беше во фокус поради хомофобична изјава на новинар на грчката телевизија Скај, но и на контраверзниот градоначалник на Волос.
Во ноември треба да почне да служи и војска.
Парот неодамна најави и дека планира деца од сурогат мајка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новиот лидер на СИРИЗА, Стефанос Каселакис ќе оди во војска
Кој е Стефанос Каселакис, новиот лидер на СИРИЗА
Фото: Фејсбук/Каселакис