еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Битола оствари добивка од 852.000 евра за шест месеци

Во првата половина од 2020 година, Стопанска банка а.д. Битола беше фокусирана на остварување на клучните стратешки, деловни и финансиски цели во услови на вонредна состојба во државата и во услови на глобална економска неизвесност наметната од пандемијата од вирусот Ковид-19, соопшти банката преку Македонската берза.

„Банката настојуваше да го приспособи своето работење на новонастанатата ситуација залагајќи се, пред сè, за безбедност на клиентите при користењето на услугите на банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Од аспект на оперативно работење, фокусот беше ставен врз наплата на нефункционални побарувања што заедно со редовните нето-приходи придонесе за остварување на позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.-30.6.2020 година, односно нето-добивка во износ од 52,42 милиони денари (852.000 евра)“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку заработуваат менаџерите на Стопанска банка Битола?

„Пелистерка“ го номинира Стевчо Јолакоски за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата „Партнер“ го доби тендерот на општина Аеродром за привремени вработувања вреден 86.000 евра

Редакција

Сите физички лица кои остваруваат приход да се регистрираат во е-системот на УЈП за персонален данок

Редакција

Раст од 3,1% на извозот, пад од 10,7% на увозот во првите четири месеци

Редакција