еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Битола со загуба во првите девет месеци

Стопанска банка АД Битола за периодот од 1.1.2022 до 30.9.2022 година оствари негативен финансискиот резултат во износ од 19,79 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза.

-Нето-приходите од камати бележат зголемување за 12,87 %, односно 27,5 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година. Приходите од камати се повисоки за 23,53 милиони денари односно 7,98 %, додека расходите за камати бележат годишно намалување од 3,97 милиони денари, односно 4,89 %. Планот на нетоприходи од камати за третиот квартал од 2022 година е остварен со 94,20 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 2,38 милиони денари, односно 2,16 % во споредба со претходната година. На страната на приходите, растот главно е генериран од провизии од кредитирање и картично работење, додека на страната на расходите, најголема динамика на раст имаат расходите од работење со платежни картички. Остварувањето на планот за третиот квартал од 2022 година во оваа позиција изнесува 88,45 %.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 18,57 милиони денари и бележат зголемување од 10,53 % на годишна основа, а планот за третиот кавртал од 2022 година е остварен со 91,72 %.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 1,07 милиони денари во споредба со периодот 1.1.2021 – 30.9.2021 година главно како резултат на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот. Планот за третиот квартал од тековната година во оваа позиција е реализиран со 107,99 %.

Според проценките за квалитетот на кредитното портфолио во значително тешки економски услови за клиентите на Банката, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува -86,82 милиони денари и е поголема за 388,51 милиони денари во споредба со периодот 1.1.2021 – 30.9.2021 година, кога беше ослободена поголема исправка на вредност од наплата на претходно отпишано побарување.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нетооснова е позитивна во износ од 1,65 милиони денари, што се должи на продажба на дел од преземениот имот и ослободување на претходно издвоената исправка на вредност во согласност со регулативата на НБРСМ.

Трошоците за вработените бележат зголемување од 4,02 % во споредба со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 96,24 %. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 12,90 %, а реализацијата на планот изнесува 87,23 %. Амортизацијата е зголемена за 12,99 % на годишна основа, а планот е остварен со 99,18 %.

Во услови кога субјектите во економијата се соочуваат со намалена денарска ликвидност, што го отежнува профитабилното работење, а истовремено ги зголемувапроблемите при наплата на кредитите, изразени преку исправката на вредност на проценките за квалитет на кредитното портфолио, финансискиот резултат на Банката е негативен во износ од 19,79 милиони денари, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владимир Ефтимоски реизбран за претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Стопанска банка Битола купила имот во градба во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странските инвестиции да се скенираат за корозивен капитал, домашните компании да се интегрираат во синџирите за производство на ЕУ

Редакција

МВР распиша тендер за купување горива вреден 27,7 милиони денари

Редакција

(Фото+Видео) Три фирми за медицински канабис останаа без лиценци

Редакција