еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје лани со намалена добивка за 18 отсто

Стопанска банка АД Скопје во текот на минатата година оствари добивка пред оданочување од 2.177.457.000 денари што е намалување за 18% во однос на претходната година, соопшти банката преку Македонската берза.

„Нето-приходите од камати изнесуваат 3.716.697.000 денари и се зголемени за 3% во однос на истиот период од минатата година, пред сè како резултат на кредитните активности и зголемувањето на активата. Трендот на намалување на каматните стапки продолжи и во 2020 година.

Нето-приходите од провизии и надомест изнесуваат 738.626.000 денари и се намалени за 11% во однос на анализираниот период во 2019 година.

Пандемијата имаше значително влијание врз овој сегмент, како на намалување на дознаките на ниво на национална економија, така и во делот на домашните платни трансакции, трансакциите со кредитни картички и во другите трансакциски сервиси, намалените економски активности и воздржување од трошење од страна на клиентите.

Дополнително, во пресрет на ублажување на последиците од пандемијата, во текот на првите неколку месеци банката овозможи бесплатни дигитални трансакции за физичките лица и намалување на редовните провизии.

Нето-приходите од курсни разлики забележаа пораст од 11% и изнесуваат 101.630.000 денари, како резултат на зголемениот обем на девизниот пазар и поголемото учество на физичките лица во овој сегмент. Другите приходи од дејноста забележаа намалување од 33%, исто така како резултат на пандемијата и на намалените активности.

Оперативните трошоци (трошоци за вработени, амортизација и други расходи) на крајот годината изнесуваат 1.767.723.000 денари и се повисоки за 1% во однос на минатата година, најмногу поради зголемените трошоци поврзани со пандемијата (набавка на заштитна опрема, поголеми трошоци за дезинфекција, ангажирање надворешни редари за филијалите и слично).

Исправката на вредноста на финансиските средства за 2020 година изнесува 962.719.000 денари и е поголема за 26% во однос на минатата година. Ова е резултат на прудентниот пристап на банката во однос на исправката на вредноста за кредитното портфолио, во услови на криза предизвикана од Ковид-19“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акционер доби „тежок“ судски спор против Стопанска банка Скопје за исплата на дивиденда

Промет од 1,7 милиони евра со акциите на Стопанска банка Скопје за осум месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ се јавиле на тендерот за субвенции за нови летови

Редакција

Нова населба ќе „никне“ во Општина Карпош: На 34 парцели ќе се градат станбени згради, хотелски комплекс, трговски објекти…

Редакција

Срамота: Министерството за економија ја утна фотографијата на платформата „Дома си е дома“

Редакција