еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје оствари добивка од 31 милиони евра за девет месеци

Во периодот од 01.01.2019 до 30.09.2019 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.922.465.000 денари или околу 31 милиони евра, што претставува намалување за 25,8% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година, соопшти банката преку Македонската берза.

„Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога СБ склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат“, информираат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брако сo 15% раст на приходите за периодот јануари-септември во споредба со истиот период лани

Редакција

Годишен раст од 10% на депозитите и од 5,7% на кредитите

Редакција

УНИ Банка со добивка во првото полугодие

Редакција