еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Брако сo 15% раст на приходите за периодот јануари-септември во споредба со истиот период лани

Велешки Брако во првите три квартали од 2022 година продолжува да бележи позитивни резултати во работењето, и покрај сите предизвици со кои се соочува стопанството, информираат од таму.

Брако бележи пораст на приходите од 15,65 % во периодот јануари-септември во 2022 година во споредба со истиот период лани.

-Главен носител на овој пораст е значителното зголемување на извозот од дури 46%. Зголемениот извоз и производство повлекоа и зголемување на бројот на вработувањата во компанијата, велат од таму.

Брако произведува електрични и водородни возила за одржување на хигиена во урбани услови, жичани производи, опрема за здравствени установи и метални делови и компоненти кои се користат во автомобилската, градежната, енергетската и другите индустрии.

Производите на Брако се продаваат во над 40 земји од светот, а успешното работење и во 2022 година е резултат на храбрите одлуки на менаџментот да се инвестира во модернизирање и изградба на производствените хали, набавка на нови модерни технологии, внесување на иновации во производството и изградба на сопствени енергетски капацитети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Декември потопол од досегашниот повеќегодишен просек

Редакција

(Видео) „Фамилијата Марковски“ во „Еден на Еден“: Силвија искрено за внукот Ненад

Редакција

Бугарите се налутија оти ја споредуваме нивната политика кон Македонија со таа на Русија кон Украина

Редакција