еМагазин
Image default
Македонија

Струмица: Младите ги заразуваат постарите, денеска рекорден број на инфицирани со Ковид-19

Состојбата со коронавирусот на подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје Струмица е сериозна, оцени директорот на овој центар, Петре Витанов.

Според него, забележителен е секојдневниот раст на новозаболени, а денеска се регистрирани рекордни 21 лица кои се позитивни.

– Нема друга препорака освен придржување на препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, односно тоа се три работи: заштита на лицето, држење дистанца и придржување кон хигиенските мерки, вели Витанов.

Тој додава дека во последната недела е зголемена старосната структура на новоинфицираните за разлика од претходно, кога поголем дел беа на возраст од 15 до 30 години.

– Сега имаме заболени на возраст од 60, 70 години и сега структурата е промената и се движи од 15 до 70 години. По наши процени, овие млади луѓе, кои на некој начин се инфицираа, сега инфекцијата ја пренесуваат на своите домашни и имаме многу податоци за мали кластери од семеен тип, потенцираше директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Витанов.

Инаку, од почетокот на пандемијата во Струмица се регистрирани вкупно 349 инфицирани од коронавирусот, а од нив активни се 168.

МИА/Фото: Општина Струмица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед по општини: Центар, Аеродром и Карпош со најмногу заразени од Ковид-19 во Скопје

Починаа уште три лица од Ковид-19, вкупно 775

Нов рекорд: Регистрирани 364 случаи на Ковид-19, од нив 184 во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 тестови, 150 повеќе од досегашните

Редакција

Нови рочишта за „Таргет – Тврдина“ и „Транспортер“

Редакција

Во Македонија досега најмногу вакцинирани со Спутник В

Редакција