За поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Бојан Јовановски – Боки 13 и адвокатот Васил Димишков во пораките кои си ги разменувале го користеле псевдонимот “мајка”, беше откриено на денешното рочиште за “Рекет“, на кое беа презентирани материјални докази.
Двајцата како што беше посочено на денешното судење комуницирале извесно време, меѓудругото и за случајот „Империја“.
Случајот “Рекет“ го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.
Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември лани, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фотографија од Јанева со снопче пари од по 500 евра пред неа во мобилниот на Боки 13
Боки 13 барал прием кај Заев, тој му одговорил: „ги видов доказите, ова е чист рекет“