еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судење за „Тортура“: Обвинението се темели на голи претпоставки, смета одбраната на Сашо Мијалков

Доколку Сашо Мијалков остварил било каков контакт со обвинетите, таквиот контакт би бил евидентиран во телефонските оператори и врз основа на испис од телефонскиот контакт лесно и недвосмислено ќе се утврдело дека таквиот контакт бил реализиран. Свесен за овој факт, дека таков доказ нема, бидејќи таков настан не се ни случил јавниот обвинител го темели своето обвинение на голи претпоставки, изјави денеска адвокатот Љупчо Шврговски во завршните зборови на одбраната во случајот „Тортура“ каде обвинет е и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Адвокатот Шврговски дополни дека и за преостанатите обвинети отсуствува обликот на дискриминација поради поинаква политичка определба како суштествен елемент на ова кривично дело.

– Поттикнувањето мора да се однесува на одредено лице и одредено кривично дело, поттикнувачот мора да го знае лицето кое се наведува на извршување на кривичното дело. Поттикнувачот мора да биде свесен дека друго лице наведува за извршување на кривично дело, истиот мора да биде свесен и за самото дело на кое поттикнува друго лице, вели адвокатот.

Во овој кривично правен акт во кој е обвинет Сашо Мијалков, како што кажа Шврговски, застапникот на обвинението не само што не презентираше докази, туку нема наведено ниту една индиција дека Сашо Мијалков ги поттикнал преостанатите на извршување на кривичното дело кое им се става на терет.

– До ваквиот заклучок одбраната доаѓа по извршената анализа на одбраните на обвинетите кои на прашање на судот дали помеѓу нив и Сашо Мијалков бил реализиран било каков телефонски или друг вид контакт пред и после настанот и дали лично го познавале Сашо Мијалков, децидно одговорија дека ниту лично го познавале ниту било кога имале остварено било каков вид на контакт со Сашо Мијалков, кажа тој.

Во обвинителниот акт се наведува дека Сашо Мијалков како службено лице, директор на УБК, поради дискриминација по основ на политичка определба ги навел обвинетите да ги преземат дејствијата на извршување што се наведени во диспозитивот на обвинението и воедно за таквото негово дејствие е обвинет дека сторил кривично дело Мачење и друго сурово, нечовечно и сурово постапување и казнување.

На последното рочиште јавниот обвинителот Љубомир Лапе побара затворски казни за обвинетиот Мијалков и шесте припадници на единицата Алфа, кој се товарат дека во 2011 година на нечовечки и понижувачки начин го приведеле Лубе Бошковски.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ.

За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина 21-годишник од Ковид-19: Вкупно 6 смртни случаи во тетовската болница

Редакција

Македонска берза го стави скопски Бетон на „Листата за набљудување“ поради блокирана сметка

Редакција

(Фото) Владата на Република Македонија стана Влада на Република Северна Македонија

Редакција