еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судењето за „Беса Транс“ се одложи, оти обвинетиот сопственик на компанијата имал симптоми на Ковид-19

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за „Беса Транс“ поради симптоми на Ковид-19 на обвинетиот сопственик на компанијата, Беким Хаџиу.

Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, до судот достави потврда за направен тест за Ковид-19 и кажа дека до овој момент не добиле резултати.

– Ковид-19 е болест од пандемиски размери, па најдобро беше да не доаѓа денеска, рече бранителот.

Сопственикот и управител на „Беса Tранс“, Беким Хаџиу, и застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, на изминатото рочиште изјавија дека не се чуствуваат виновни за „фалсификување на исправа“.

Според обвинителниот акт, обвинетиот 41-годишник, Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Следното рочиште е насрочено за 2 февруари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На возраст од 30-39 и над 60 години најмногу од новозаболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Од 5 април доматите 70 денари, кромидот 60, пиперот 90, лимонот 55, а бананите 70 денари

Редакција

НАТО отвара 4 нови бази во Унгарија, Романија, Бугарија и Словачка, како одговор за евентуални хемиски напад од Русија

Редакција