еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Маџар-Телеком“ одложено поради отсуство на судијката Давиткова

Во Кривичниот суд во Скопје денеска беше одложено рочиштето за случајот „Маџар-Телеком“, поради оправдано отсуство на судијката Ленка Давиткова.

На денешното рочиште требаше да биде сослушан ексразузнавачот Слободан Богоевски.

Случајот против поранешните генерален и финансиски директор на „Македонски телеком“, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, „Маџар телеком” се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната.

Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин ги оштетиле Македонски телеком и Буџетот на Македонија.

Судењето почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Сега предметот повторно е вратен на Основното јавно обвинителство (ОЈО).

Следното рочиште за случајот „Маџар-Телеком“ е закажано за 28 ноември.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од новопочинатите од корона вирусот со претходни заболувања, двајца имале контакт со потврден случај

Редакција

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Редакција

Заев на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана

Редакција