еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 на судењето за „Меѓународен сојуз” се пожали дека поради здравствени проблеми не ќе може да го следи изведувањето на докази

Судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува на 25 ноември, откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази.

Судијката Софче Гаврилова Ефремовска рече дека имајќи ја предвид здравствената состојба на првообвинетиот Бојан Јовановски денешното рочиште завршува и побара да и биде доставена медицинска документација за неговата здравствена состојба.

Во текот на судењето Јовановски, пред судот се пожали дека од специјалист му е наложено во следниот месец да биде на строга терапија и во легната состојба, како и дека не може да го следи изведувањето на доказите.

Првообвинетиот Бојан Јовановски, на почетокот, побара изземање на судијката Софче Гаврилова Ефремовска, поради како што рече, пристрасност, бидејќи била дел од судечкиот совет на случајот „Рекет“.

Судијката, рече дека, барањето ќе биде проследено до претседателот на Судот, по што рочиштето продолжи со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На поранешниот судија Теофиловски му застаре делото за злоупотреба тешка 860.000 евра

Редакција

Алијанса за Албанците: Ако дојде каков било предлог за влез во Владата, ќе составиме конкретна платформа со барања

Редакција

Кривичниот суд ја потврди информацијата за замрзнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција