еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Монструм” продолжува на 10 септември

Со сведочење на две лица предложени од обвинителството, на 10 септември продолжува рочиштето за предметот „Монструм“.

Сведоците се од Центарот за известување и командување кој ја примиле дојавата дека во местото Враживир, на 13 април 2012 е пронајдено возилото „Опел Омега”, кое според обвинението е користено од страна на извршителите на убиството кај Смилковксо Езеро, на 12 април.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Курти не кажа кога и дали во Македонија од Косово ќе бидат испорачани двајцата обвинети за „Монструм“

Редакција

Поради нивелацијата доцнат платите за културните работници?

Редакција

19 лица биле на возраст од 40 до 59 години: За една недела 129 смртни случаи од Ковид-19

Редакција