еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Плацеви на Водно” продолжи со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството

Судењето за случајот „Плацеви на Водно” денеска продолжи со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството.

При презентацијата обвинителката Лиле Стефанова изведе разни докази од наредби за претрес одобрени од Кривичниот суд Скопје и записници од привремени одземени предмети.

Одбраната на обвинетиот Јордан Камчев во овој случај, приговараше на изведувањето како доказ на договор за пренос на удел меѓу фирмите „Сиран“ и „Орка“.

– Доказите се прибавени на незаконит начин. Овој доказ не може да се третира од причина што недостасува потпис, печат и штембил на другата договорна страна, истакна одбраната на обвинетиот Јордан Камчев.

По изведување на материјални докази судењето за овој предмет влегува во фаза на презентација на вербални докази, односно сослушување на сведоци. Според најавите на Обвинителството, против обвинетите ќе сведочат десетина сведоци.

Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, кој се товари за кривичните делата „перење пари“ и „за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева, кои се товарат за „перење пари“, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 368 оздравени пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје

Редакција

Армијата ќе помага во обезбедувањето на болниците

Редакција

Најавениот снег пристигна: Внимателно на Стража и планинските превои

Редакција