еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за смртта на малата Тамара одложено за на 12 декември

На 12 декември ќе продолжи рочиштето за смртта на Тамара Димовска од Велес во кое се обвинети членовите на Првостепената и на Второстепената комисија, кои го донеле, односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двајцата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ.

На барање на одбраната, денеска беше прекинато судењето со образложение дека доказите кои ги презентираше обвинителката се нецелосни, бидејќи беа читани само насловите. Тие побараа појаснување за секој доказ што ќе биде изнесен пред судот. Судијата Марин Станевски и наложи на обвинителката да се подготвои за следното рочиште и детално да ги објасни доказите.

Пред почетокот на судењето одбраната побара објаснување од Судот зошто за обвинетата Елена Трпкоска, за која е издвоено судењето поради нејзината здравствена состојба, вчера се одржало прво рочиште.

Адвокатите на обвинетите побараа Судот да се произнесе за спојување на постапката, со образложение дека се работи за исти докази и оти се сомневаат за издвојувањето и причините за тоа, како и доколку не се спои постапката да ја добијата целосната документација од водењето на тоа рочиште.

Малата Тамара Димовска почина во 2015 година.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за смртта на малата Тамара

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца од Скопје, по еден од Велес и Прилеп: Починаа 4 пациенти позитивни на Ковид-19

Редакција

Осум починати од Ковид-19, дополнително пријавени уште петмина

Редакција

Продолжен притворот на Мијалков, Камчев и другите од „Империја“

Редакција