еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за “Титаник” продолжува на 17 мај

Судењето за случајот „Титаник” денеска продолжи со изведување на докази.

Обвинителката Лиле Стефанова, побара од судот да се изведе исказ од сведок кој во меѓувреме починал.

Следното рочиште за овој случај е закажено за 17 мај, за кога се повикани повеќе сведоци.

Денешното рочиште за овој случај е прво после два месеца пауза. Поголемиот дел од рочиштата беа одложени од причина што некои од странките беа во самоизолација или позитивни на Ковид-19.

Случајот за изборните нерегуларности од 2011, 2012 и 2013 година се уште е во фаза на доказна постапка.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш за насилството во Собранието: Мислев дека никој жив нема да излезе од салата

Редакција

Одложено рочиштето за случајот против Стевчо Јакимовски за злоупотреба на службена положба и овластување

Редакција

Нови 473 случаи на Ковид-19 од 3.146 тестови, 74 се реинфекции

Редакција