Основниот кривичен суд му одреди осум дневен притвор на Емил Јакимовски, кој вчера беше приведен од полицијата поради пријава за семејно насилство.
Во вчерашното соопштение на Основното јавно обвинителство Скопје е наведено дека е поведена постапка за две сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем), како и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5.
Ценејќи ги сите околности во предметот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Јакимовски беше уапсен поради закани кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и директорката на Централниот рагистар, Марија Бошковска Јанковски, која што му врачи и отказ поради нарушување на принципи од договорот за работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ