еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Свадбата во Чаир нов кластер, 14 заразени со корона вирусот: Ем не почитуваат мерки, ем не соработуваат со епидемиолози

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека свадбата која што се одржа во Чаир, е нов кластер на заболени од корона вирусот во таа општина.

Тој рече дека од 100 присутни, 14 биле позитивни, но епидемиолозите имале проблем на терен бидејќи луѓето кои присуствувале на прославата не сакале да соработуваат и да даваат податоци.

„Немаат логика сите овие семејни собири каде што се прекршуваат мерките за лична заштита. Сите новозаболени се како резултат на непочитување на мерките. Не може да се прави свадби и да не се соработува со епидемиолозите,“ изјави Филипче и уште еднаш порача дека само со држење на дистанца и носење на заштитна опрема можеме да го спречиме ширењето на вирусот.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје во Чаир има вкупно 214 активни случаи на заразени со Ковид-19, што го става на прво место не само во Скопје, туку и на национално ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три родилки кои дале лажни податоци ставија 18 вработени од болницата во Чаир во изолација

Во болницата во Битола нема повеќе место, заболените од корона вирусот ќе се препраќаат во Охрид

Крштевка со 200 луѓе нов кластер во Охрид: Осум се позитивни, 40 се во изолација

Нови 175 заболени со корона вирусот, најмногу во Скопје 131

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија ќе ги прекине воените операции во близина на фабриката „Азовстал“ и ќе дозволи хуманитарен коридор

Редакција

(Видео) Невреме во Тетово поплави стотина куќи и создаде свлечиште на патот кон Скопје

Редакција

Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

Редакција