еМагазин
Image default
Македонија

Свиркачот Костовски на Верушевски му предал само околу 5% од вкупно прислушуваните материјали во УБК

Со сведочење на свиркачот Звонко Костовски во Кривичниот суд денеска продолжи рочиштето за предметот Таргет-Тврдина на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Костовски, на прашање на обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска, рече дека нема точна информација за бројот на разговори што биле изнесени и снимени, но, според него изнесени и предадени на Зоран Верушевски се околу пет проценти од вкупно нелегално прислушуваните разговори.

Во зградата кај железничка наречена „парламентарка“, Костовски рече дека во посебни простории постоел инсталиран компјутер што било направено на барање на Горан Грујевски, за нивни логистичар да може полесно да презема материјали, односно да не се движи постојано до УБК и назад до зградата, како и да не се створат сомнежи кај станарите во зградата.

Во предметот Таргет-Тврдина обвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешните шеф на УБК Сашо Мијалков, началник на Петтата управа Горан Грујовски, заменик-началник Никола Бошкоски, шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов и уште пет други лица од Управата.

Тие се товарат за незаконско следење на комуникациите во периодот од 2008 до 2015 година.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свиркачот Костовски пред судот појасни како изгледа датотеката со логови на прислушувани лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарското МНР за изјавата на Хан за Груевски: Тој да се грижи за проширувањето, а не за законските процеси во земјите членки

Редакција

Доналд Туск со честитка и на македонски јазик за ратификацијата на Договорот од Преспа и во Грција

Редакција

АВМУ: Прекршочни пријави за 1ТВ и ТВ Сонце за недозволено референдумско рекламирање

Редакција