Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против 53-годишниот А.К. од тетовска Мала Речица, поради основи на сомнение дека сторил три кривични дела: „убиство“ , „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Осомничениот А.К. делата ги извршил на 14 октомври 2018 година во периодот од 22 до 23 часот во Мала Речица, со пиштол што го поседувал без дозвола, а со кој ја убил неговата сопруга Х.К.( 52 ) и се обидел да го убие Р.Џ.( 50 ) од Мала Речица.
Педесет и тригодишниот А.К. денеска (16 октомври) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
ПОВРАЗНИ ВЕСТИ
Уапсен сопругот, осомничен за убиство на жената во Мала Речица
Убиецот се уште во бегство: Детали од Обвинителството за убиството во Мала Речица
Тетовчанец си ја убил сопругата и избегал