еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Делта сојот најмногу циркулира во области каде има помалку вакцинирани

Циркулацијата на делта варијантата на коронавирусот во области со ниска вакцинација го поттикнува ширењето на Ковид-19 низ целиот свет, соопштија претставници на Светската здравствена организација (СЗО).

– Во многу места во светот каде што има се повеќе заразени со делта варијантата на коронавирусот, дури и во земји кои имаат високо ниво на вакцинација на национално ниво, делта сојот навистина циркулира и се шири во области со мала покриеност со вакцини, и постои многу ограничена и неконзистентна имплементација на јавните здравствени и социјални мерки, изјави епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове на онлајн прес -конференција.

Според главниот научник на СЗО, Сума Сваминатан, „вакцините без сомнение спречуваат зголемување на бројот на тешки и смртни случаи како последица на делта варијантата на коронавирусот“.

Таа рече дека податоците во моментов не упатуваат дека е неопходно довакцинирање против Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според СЗО не е потребна трета доза вакцина

СЗО смета дека најранливите луѓе насекаде во светот треба прво целосно да се вакцинираат, а дури потоа во богатите земји треба да се започне со довакцинација на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делта сојот станува подоминантен и во Македонија

Доктор Кунгуловски објаснува за делта сојот и вакцините и прогнозира кога ќе имаме нов пик

Доктор Даниловски објаснува кои се симптомите на делта сојот

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Младо момче нападнато во автобус на ЈСП од две повозрасни лица

Редакција

(ВИДЕО) Трајанка за своето искуство со Ковид-19: Се онесвестував од изнемоштеност

Редакција

Побаран притвор за две лица кои фрлаа предмети и камења кон полицајците на протестот за „Монструм“

Редакција