Здравствени установи се повеќе стануваат мета во војната, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека украинскиот здравствен систем функционира, но му треба поддршка.
СЗО потврди 43 напади врз болници и здравствени установи во Украина.
Мајк Рајан, извршниот директор на СЗО за итни здравствени програми, ги нарече ваквите напади „неприфатливи“, кои станаа „воени стратегии и тактики“.
„Здравствениот систем во Украина функционира одлично, но му треба поддршка, треба да му се дадат основни алатки за спасување животи“, рече Рајан.
Тој исто така изјави дека тоа се напади врз „најфундаменталните човекови права“ и дека тоа е повеќе од уништување згради, „тоа е уништување на надежта“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко видео) 10 лица убиени во украинскиот град Чернигов додека чекале ред за леб
Вознемирувачки снимки од убиство на цивили во Украина
МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана