еМагазин
Image default
Македонија

Табли на државните институции со Северна Македонија откако Атина ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Министерствата, државните органи и институции, јавните претпријатија и акционерски друштва ќе треба да извршат промена на таблите на влезовите на институциите, а ќе се менуваат и таблите на граничните премини со новото уставно име на државата откако Република Грција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Од Владата не очекуваат никакви проблеми од државните институции при користењето на новото име на државите и истакнуваат дека остануваат целосно посветени на имплементацијата на Договорот од Преспа.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната редовна прес-конференција појасни дека таблите на граничните премини ќе бидат напишани на македонски и албански јазик, бидејќи како што рече, Албанците се 20 проценти во Република Македонија на државно ниво.

Истакна дека сетот мерки и активности што ја регулираат употребата на новото уставно име на државата, кои вчера Владата ги усвои на седница, ќе почнат да се применуваат веднаш по ратификацијата на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО од страна на Грција.

– Веднаш по ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Атина, стапуваат на сила овие мерки што вчера ги усвоивме. Интерресорската група веднаш започнува со работа. Не е предвиден рок, но тоа значи веднаш. Немаме рок, не постои, рокот е за седум дена за стапување во сила на овие мерки. Тргнуваме веднаш во промена, истакна Бошњаковски.

Од Владата засега немаат информација колку ќе чини целиот процес, но велат дека тоа ќе се знае откако ќе заврши процесот.

Во однос на тоа дали трошоците за промена на личните документи и таблиците на возилата ќе паднат на товар на граѓаните или државата ќе одвои средства за оваа намена, Бошњаковски рече дека замената на пасошите ќе биде редовна и тоа ќе биде на товар на граѓаните.

– Замената на пасошите ќе биде редовна. Редовната замена на сите останува редовна како и досега. Нема да важат пасошите што се издаваат десет години, туку рокот ќе биде пет години од моментот на отворање на поглавјата и тој трошок ќе биде на товар на граѓаните затоа што ќе биде редовен трошок, рече Бошњаковски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еурактив: Грција прва ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, на 8 февруари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 540 санкции за неносење маска

Редакција

Невладините организации бараат враќање на своите работни места на свиркачите Лазаревски и Костовски

Редакција

Двајца оздравени од Ковид-19, вкупно до сега 150.126

Редакција