еМагазин
Image default
Македонија

Таткото на Боки 13: Се плашам за животот на син ми, не сум ја видел чантата „Луј Витон“

Во интервју за А1онМиле Јовановски, татко на осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13), зборува за овој случај, за претресите во неговиот дом, за фамозната чанта „Луј Витон“, дека неговиот син добивал закани по живот во затвор…

„Двапати имаше претрес со мојот дом, земени се и снимките од камерите. Кај мене немаше ништо. Јас прв ќе кажев ако имаше торба. Ќе ја цитирам Русковска која рече: „Јас претпоставувам дека торбата завршила во домот на неговите родители“. Тоа е нонсенс. Срамота е тоа да го изјави еден обвинител“, вели Јовановски.

Јовановски вели и дека неговиот син добивал закани во затворот, како и дека тој се плаши за неговиот живот.

„Се плашам за мојот син. Најмногу кога беше во истражниот затвор, затоа што имав дојава од близок човек во правосудните органи дека имало, ми цитираше пораки, дека нема да излезе жив од затворот, дека ќе го убијат итн“, додава Јовановски.

Тој додава и оти не знае кој ги праќал тие закани, но вели дека можеби се работи за братот на Зоран Заев, за кој тврди дека бил вклучен во криминални активности.

Јовановски вели дека случајот „Рекет“ е „начин да се уништи СЈО“, а Катица Јанева и неговиот син биле „погодни личности за тоа“.

„Кај се парите, еве јас прашувам, кај се парите. Јас не можам да тврдам што имало во ташната, ниту сум бил, ниту знам. Можам хипотетички да кажам имало пари, можам да кажам дека нема пари. Ако имало списанија, како можело да собере и толку пари. Дајте снимка каде Бојан зема пари, каде ги бројат парите“, вели Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство постапува по кривичните пријави на Боки 13, вели Јовески

Боки 13 со прашања до Русковска во отворено писмо: „Колку пати Камчев за „Империја“ бил во кабинетот на Заев, одговорот го имате во мојот телефон“

Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Тиквешко: Заразена 15-годишна девојка

Редакција

Ѕвонко Костовски: Во УБК се фабрикуваа докази за судска наредба при апсењето на Соња Верушевска

Редакција

(Фото) Армијата засилена со 200 професионални војници, догодина со уште 250

Редакција