еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Тегелтија: Се надевам дека ова е последниот самит на Отворен Балкан, на кој Босна и Херцеговина доаѓа како гостин

Искрено се надевам дека ова е последниот самит на „Отворен Балкан“, на кој Босна и Херцеговина доаѓа како гостин, порача денеска Зоран Тегелтија, претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина, која во Охрид на Самитот „Отворен Балкан“ учествува како земја набљудувач.

Тој истакна дека во БиХ нема консензус околу проектот „Отворен Балкан“ и за тоа нема сериозни, ниту негативни одговори, туку само молк, а причините за тоа ги гледа во предрасудите од минатото, во врска со тоа кој е предлагачот на оваа иницијатива, кој ќе профитира од неа и дали таа е замена за ЕУ, но и поради политичките влијанија на одделни групации кои сметаат дека е неуспех доколку оваа иницијатива би се прифатила.

Тегелтија потенцира дека е присутен на Самитот, бидејќи бизнис заедницата и граѓаните на земјата ја поддржуваат иницијативата.

– Јас сум овде затоа што знам дека целата бизнис заедница ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“, а бизнис заедницата е основен услов за развојот на нашето општество и затоа што најголем број граѓани го поддржуваат овој проект…

Овде сум и поради фактот што претставниците на БиХ  учествуваат на сите нивоа на политичките договори и преговори кои се водат во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ и подготвени сме да ги потпишеме сите во оној момент кога ќе се донесе политичка одлука, рече Тегелтија

Тој порача дека во оној момент кога ќе  биде донесена политичка одлука, Босна и Херцеговина ќе се придружи на иницијативата.

– Сигурен сум дека „Отворен Балкан“ може да го покрене целиот вкупен економски потенцијал на овој регион и дека БиХ порано или подоцна ќе стане дел од „Отворен Балкан“, нагласи Тегелтија и додаде дека очекува тоа да се случи по изборите во земјата во октомври, особено имајќи ја предвид поддршката на САД за оваа иницијатива.

Тој меѓу другото ја поздрави иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ за формирање работна група за заедничко справување на регионот со предизвиците од енергетската криза и недостигот на храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ на „Отворен Балкан“: Да ја зајакнеме соработката за да си помогнеме да ја преживееме зимата

Абазовиќ: „Отворен Балкан“ е одлична можност за соработка на земјите во регионот

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 147 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Најмногу за Град Скопје, 12: Вкупно 297 кандидати ќе се борат за градоначалници

Редакција

(ВИДЕО) Спектакуларен настап на The Weeknd на „Super Bowl“

Редакција