еМагазин
Image default
Техно

Технологијата во борба против вирусите во вашиот дом

Индивидуалните постапки се можеби скоро секогаш послаби од тимските, но во овој момент кога светот е зафатен со пандемија на ризичен вирус, поединечните навики се всушност заеднички.

Од секого се очекува поголема хигиена и чистота, поголема грижа за сопственото здравје и на најблиските, а со истото се влијае секако и на добрата состојба на колективното здравје.

Борбата против бактериите и вирусите не е воопшто нова и истата треба да ја согледуваме како нормално секојдневие, чиј исход во домот може секогаш да е во ваша корист, доколку сте фан на оддржување на добро ниво на домашна хигиена, која во овој период на повеќе различни начини може и треба да биде подигната на повисоко ниво.

Во модерното опкружување и со придобивките од технологијата, секогаш постојат практични решенија, кои се вистинско задоволство да се имаат во домот. Favorit Electronics е бренд кој нуди палета од иновативни, ефикасни и економични производи со висок квалитет, со кои што ќе ги победите бактериите и вирусите во вашиот дом.

Македонскиот бренд Favorit за потребите на вашето семејство и борбата против вирусите и бактериите, ја нуди револуционерната машина за перење алишта MPI 8124 со инвертер мотор и дигитален LCD екран.

Оваа машина содржи електронски програматор и капацитет на барабанот од 8кг, а најдоброто нешто е секако нејзиниот инвертер мотор.

Тоа значи дека Favorit ви нуди енергетски ефикасен производ со инвертер мотор што работи поконзистентно и со контролирани брзини, што значи дека користи значително помалку енергија, а самиот инвертер мотор има 10 годишна гаранција и работи тивко со помалку бучава.

Неизоставен дел од листата на добри карактеристики што ги нуди машината MPI 8124 е фактот што алиштата ги прави беспрекорно чисти на економичната програма која овозможува брзо перење на 30° за само 15 минути.

Уште еден производ од портфолиото на Favorit можете да го вклучите во борбата со вирусите и бактериите кој ќе се погрижи да ги “светне” алиштата на вашите најмили. Тоа е машината за перење MP 7102 која што беспрекорно ги отстранува дамките од секое парче облека, но и успешно ги отстранува нечистотиите од материјалот, како и ситните бактерии и вирусни честички кои што можеби имаат дојдено во допир со маицата, пантолоните, пешкирите или било кое парче ткаенина до кое имаме лесен пристап.

Секако имајте во предвид дека на колку повисока температура се перат алиштата, поголема е веројатноста да не остане трага ниту од најтврдоглавите бактерии и вирусни честички.

Favorit машината за перење алишта, MP 7102, ќе се вклучи и во задачата на отстранување на дамките од алкохолни пијалоци, чај и кафе, чоколадо, кечап или дамки од масло и уште многу други тврдокорни дамки од вашите омилена парчиња облека, за кои мислите дека нема решение и сте подготвени да им кажете збогум.

Со машините на Favorit, нема да имате потреба да тагувате по извалканите фустани и кошули, затоа што со овој бренд дамките и нечистотиите стануваат историја. Со MP 7102 ќе уживате во тивко еко-перење кое заштедува и енергија и вода, кое е одлично за вашиот дом, како и за природата.

По успешниот циклус на перење на вашата облека во машината за перење алишта MP 7102, време е за пеглање и високи температури за целосно дезинфицирање нa алиштата – врелата пареа е еден од најдобрите уништувачи на секаков вид на штетни бактерии и вируси.

Технологијата на Favorit овој пат го претставува модерното дуо – пеглите PL-501 и PL-619. Нивната моќност се состои во тоа што тие имаат луксузна форма, висока ефикасност на топлина, лесно се употребуваат, но најдобро од сѐ е што заштедуваат време и енергија. Двете пегли имаат многу корисни функции.

На пример, пеглата PL-501 со моќност од 2800 W ја регулира температурата, прска, суво пегла, но пегла и на пареа. Идеално кај оваа пегла е тоа што нуди функција за самочистење и анти-бигор функција. Додека пак пеглата PL-619 е со исти перформанси, но со моќност од 2200 W.

Секогаш постои решение за сѐ, дури и за вирусите и бактериите. Побарајте ги ефикасните производи на Favorit со супер перформанси и добијте го најдоброто за своите пари.

Потребно е само да го одберете вашиот омилен производ на овој квалитетен бренд во најблиското продажно место со достапни производи на Favorit Electronics или да ја посетите официјалната web страница www.favoritelectronics.com/mk и пред вас да се појави светот на технологијата кој што ќе го внесете во вашиот дом.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Samsung во 2019 година го приближува светот со 5G мрежата со тоа што испорачува повеќе од 6,7 милиони Galaxy 5G уреди

Редакција

Vip лансира четбот базиран на вештачка интелигенција: „Славчо”е првиот четбот кој разбира и пишува македонски

Редакција

(Фото) „Дигитална иднина, еднакви права“: Tрета сесија за вмрежување организирана од ГЕА и А1 Македонија

Редакција