еМагазин
Image default
Македонија

Притворени Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, ноќеска се приведени и пренесени во затворот „Скопје“ во Шутка.

Одлуката за приведување ја донел Кривичниот суд на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.

Специјалната обвинителка Катица Јанева во гостување на 1ТВ потенцираше дека досега од обвинителството не биле барани притвори за двајцата затоа што тие ги почитувале мерките за претпазливост.

Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, каде што побара политички азил. Гриевски во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казан за случајот „Тенк“.

По него е распишана меѓунардона потерница.

МИА/еМагазин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанакиески за ТВ21: Нема да бегам, најостро го осудувам бегството на Груевски

Jанкулоска за ТВ21: Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде

Пешевски за ТВ21: Разочаран и вознемирен сум од бегството на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 4 лица од корона вирусот, вкупно 302

Редакција

Од 58 држави, Македонија на 45 место во математичка писменост и на 51 во природни науки

Редакција

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Редакција