еМагазин
Image default
Локално

Тело на починат маж во распаѓање, пронајдено во близина на Жировница

Тело на починат маж е најдено во близина на регионалниот пат што води од Маврово кон Дебар.

Засега не се познати идентитетот и причината за смртта. Според првичните информации, телото кога било откриено се наоѓало во фаза на распаѓање.

Од СВР Тетово информираат дека по пријавата вчера (27.07.2021 околу 15:40 часот), полициски службеници излегле на терен. Во месноста „Жировничко анче“ во близина на регионален пат Дебар-Маврово бил пронајден човечки труп.

По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција. Идентитетот на лицето и причините кои довеле до смртта ќе се утврдат по извршената обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најдобрите трговски објекти за 2021 во категоријата салони за мебел

Редакција

Со пиштол барал да му се вратат парите за хоспитализација на неговата сопруга

Редакција

Охриѓанец лажно се претставил како Американец пред полицајци

Редакција