еМагазин
Image default
Локално

Тешко повредени двајца пешаци откако во нив удрил автомобил

На крстосницата од булеварот „АСНОМ“ со улицата „Васко Карангелески“ вчера патничкото возило „опел вектра“ управувано од Г.Г.(41) од Скопје, удрило во пешаците В.Г.(78) и О.Ш.(74), при што се здобиле со тешки телесни повреди.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во незгодата В.Г. и О.Ш. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пред деца се тепаа жени и мажи на градскиот базен во Штип

Редакција

(Видео+фото) Невреме остави дел од Неготино без струја, однесени неколку покриви и оштетени домови

Редакција

Шестмина тепале битолчанец на улица

Редакција