еМагазин
Image default
Бизнис

Тетекс лани со добивка

Остварената добивка пред оданочување на Тетекс АД Тетово за минатата година изнесува 72.822 илјади денари, а добивката по оданочување 67.919 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 51.702 илјади денари, и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки.

Останати приходи изнесуваат 83.117 илјади денари, и во нив се вклучени приходите од продажба на материјални средства, 9.878 илјади денари, вредносно усогласување на залихи, 7.697 илјади денари и проценка на недвижен имот, 65.542 илјади денари.

За тековниот период во финансиските приходи од 28.741 илјади денари, се евидентирани приходи од  примени дивиденди во износ од 28.615 илјади денари, додека минатата година приходи од примени дивиденди изнесуваа 66.471 илјади денари.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – декември 2022 година изнесуваат 74.082 илјади денари и во споредба со истиот период во 2021 година, кога изнесувале 58.055 илјади ден, бележат зголемување за 28 %, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетекс со добивка во првите девет месеци

Директорот на Тетекс, Бобан Гоговски купи акции во ТТК Банка

Тетекс со зголемена добивка во првите шест месеци

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tројца нови членови на Одборот на директори на Македонија2025

Редакција

Пак се јавил само Визер: Повторно поништен повикот за субвенционирање на авиокомпании

Редакција

Војната во Украина ќе влијае врз труризмот, хотелите на охридско-струшката ривиера подготвени да прифатат бегалци

Редакција