еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Тетовчанката Кристина Димитријевска прогласена за Мис карантин во конкуренција на 210 девојки од 50 држави

Кристина Димитријевска (24) од Тетово е победничка на светскиот избор за убавина Мис карантин 2020.

Димитријевска постигна значаен успех бидејќи беа пријавени 210 девојки од 50 држави во светот. На истиот избор таа доби уште една титула, за најдобро претставување.

Кристина досега има освоено неколку титули за убавина, а има снимено и два дуети.

На македонската јавност и е позната и по тоа што му беше поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски со кој го имаат и синот Давид.

Титула на овој натпревар, Мис Интелегенција, освои и Бисера Цуцулова од Скопје, нашата втората претставничка, а модното студио „Црнокрак“ освои шест титули на изборот.

За втора придружничка е избрана преставничката на Црна Гора, а преставничката на Унгарија ја понесе титулата Мис бикини.

Фото/Фејсбук/Димитријевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 4 лица, сите со коморбидитети

Редакција

Старецот Вартоломеј, игумен на манастир на Света Гора во посета на Св.Јован Бигорски

Редакција

На Скопје денеска ќе му се случи #Зелена револуција: Марш за чист воздух, НЕ за загадувањето

Редакција