Општинскиот Kризен штаб во Тетово одржа седница поради невремето во градот и причинетите материјални штети по имотите на граѓаните и институциите на локално ниво.
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами информираше дека за надминување на состојбата ќе се бара помош и од Владата.
-Неадекватните инвестиции во делот на атмосферската канализација дадоа резултат на тоа повеќе од улиците, повеќе од булеварите и кружени текови да бидат блокирани и беа под вода. За жал, дел од таа вода отиде во подрумите на куќите, особеново делот кај Тетовчанка, Тетекс, и во целото градско подрачје кое е во долниот дел на градот.
Исто така беа поплавени некои од јавните институции во ситуацијата, училишта и градинки. Во ситуацијата интервенираме и за испумпување на водата од подрумите на граѓаните, изјави Касами.
Кризниот штаб донесе и повеќе заклучоци според кои ќе се бара помош од Владата за надоместување на штетите, чистење на речните корита, како и помош и од град Скопје за чистење на улиците.
-Ќе воспоставиме контакт број за пријавување на штетите од страна на граѓаните,воспоставување континуирана комуникација со Центарот за управување со кризи, полицијата и Дирекцијата за заштита и спасување во врска со преземањето на мерки на претпазливост за избегнување на поголеми штети. Да се интервенира во делот на атмосферската канализација (долгорочно) и да се провери исправноста на водата за пиење, истакна Касами.
Градоначалникот рече дека будно се следат состојбите и во шарпланинските села како Шипковица и Бродец. Таму завчера имаше одрони на патот кои се расчистија, додека вчера немаше нови проблеми и штети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Голем град во Лозово, поплавени улици и подруми во Тетово и Струмица
МИА/Фото: ЦУК