еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лага е дека во Еуростандард банка физичко лице има заштеда од 7 милиони евра, вели стечајниот управник Тодевски

Во текот на изминатиот месец, во повеќе објави се пласира неточна информација дека депонент – физичко лице во Еуростандард банка имал депозит – заштеда во износ од 7 милиони евра, соопшти стечајниот управник на банката Душко Тодевски.

„Се чувствувам должен да ја известам севкупната јавност дека во Еуростандард банка со состојба 12 август 2020 година нема депонент физичко лице со депозит во износ од 7 милиони евра ниту депонент – физичко лице којшто има повеќе депозити во Банката во вкупен износ од 7 милиони евра и нема депонент правно лице со депозит во износ од 7 милиони евра.

Оттука, во корист на точно информирање на депонентите, доверителите и севкупната јавност замолувам да не се пласира неточна информација дека депонент во Еуростандард банка имал депозит – заштеда во износ којшто значително повеќекратно го надминува највисокиот депозит во банката.

За прашања кои се предмет на интересирање на јавноста, како и за проверка на информации коишто се во моја надлежност можете да се обратите не електронска  адреса [email protected].“, вели Тодевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промени во Надзорниот одбор на Еуростандард банка неколку месеци пред затворањето

Трогателни приказни за оштетените од Еуростандард банка: Бараат државата да им ги врати парите

Трифун Костовски повикува на поддршка за Народна банка да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка

Трифун Костовски го продаде „Еуролинк осигурување“ за 17,4 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на загинати во масакарот во Цетиње се зголеми на 13, почина еден од повредените

Редакција

Забрането снимање со дронови над Скопје

Редакција

Македонците со краток фитил: Зачестени агресивни напади кон полицајци

Редакција