Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера информираше дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година изнесувала 28.438 денари, а бруто платата била 42.441 денари.
Според податоците на ДЗС, највисока просечна бруто-плата од 110.358 денари е исплатена во областа компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, следат финансиско-услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови со 84.140 денари, па секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 70.245 денари, па секторот останати стручни, научни и технички дејности – 66.975 денари и секторот осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување – 66.592 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ 5 професии со најниска плата
Просечната нето плата во април 28.438 денари