еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Топлотен бран во Македонија: Министерството за здравство даде препораки за заштита на населението

Министерството за здравство информира дека според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на следниве два дена (денеска – четврток и утре – петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, од Министерството апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето:

– Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна;

– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;

– При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.

„Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури“, соопшти Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена 1.261 нови случаи на Ковид-19, оздравени 1.085 и шест починати

Редакција

Груевски нема да одговара за „Траекторија“ поради застареност на делото, трошоците ќе ги платат граѓаните

Редакција

Притвор за неготинчанец кој ја претепал партнерката, која е во кома

Редакција